Град Скопје ја додели првата награда од 100 евра за најдобра фотографија направена во домашна изолација. На конкурсот кој почна вчера биле пријавени повеќе од 100 фотографии, а за најдобра е избрана фотографијата на Јехона Спахиу.
„Оваа фотографија на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, во конкуренција од повеќе од 100 фотографии. Ѝ честитаме и ја повикуваме да ни испрати порака со нејзините генералии. А вие продолжете да ни испраќате фотографии/видеа/гифови како го поминувате денот дома, со хаштазите #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi“, објави Градот.
Можеби ќе ве интересира
Фотографиите може да се објавуваат на фејсбук-страницата „СкопјеДома“, а победниците ќе се објавуваат секој ден на оваа страница.