8 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА РАДЕ ШТЕКЛИ ЗА ТРГОВИЈА СО КОКАИН Тројца негови соработници добија по 5 години затвор

3

Обвинетиот Раде Трајковски-Штекли доби казна затвор од 8 години во случајот со организирана група за трговија со дрога.

Обвинетите Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски добија казни затвор од по пет години. Стојан Миланов е осуден на казна затвор од 3 години и 10 месеци.

Постапката се водеше девет месеци, а судеше судијата Илија Трпков.

Групата се товареше за организирање, набавка, транспорт и продажба на дрога преку синџир на посредници, контролиран од Штекли.

„Раде Трајковски Штекли се јавува како организатор и координатор на криминалната група, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници, кој ја договара првичната набавка на кокаин, комуницира со неколку обвинети и осомничени и на истите им дава насока и упатство за проширување на мрежата. При претрес на домот и возилото, и комуникацијата од мобилниот уред се пронајдени бројни докази кои го потврдуваат неговото раководно и централно однесување во набавката на дрога“, беше наведено во обвинителниот акт.

Групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана и дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година.

Поврзани содржини