26-ГОДИШНИК СО „АУДИ“ УДРИ ВО ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НА ПАРТИЗАНСКА Лицата се пренесени на Клинички со Итна помош
Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, соопшти МВР.
Полицијата приведе 26-годишник кој со патничко возило „ауди“ на булеварот Партизански одреди удри во малолетен пешак и во малолетник кој туркал велосипед, информираше скопската полиција.
„Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. Партизански одреди во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед“, се вели во полицискиот билтен.
Министерството за внатрешни работи информира дека двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
„Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка“, соопшти МВР.