📷 163 ЧЕЛИЧНИ СТОЛБОВИ КОЛКУ ЕДИНАЕСЕТКАТНИЦА СЕ СПУШТААТ ВО ЗЕМЈАТА НА АВТОПАТОТ КАЈ БОТУН Николоски информира дека се применува најнова метода за стабилизирање на теренот

Министерот за транспорт и врски рече дека решението за стабилизирање на теренот поради лизгање на земјиштето го направиле  домашни и странски експерти.

134

Со околу 250 бетонски столбови односно колови ќе се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатската делница Кичево-Охрид. Од нив 163  се поставуваат на теренот кај Ботун, а останатите ќе се распределат на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот, изјави министерот за транспорт и врски Алексaндар Николоски кој денеска го посети градилиштето кај селото Ботун.

Николоски рече дека решението за стабилизирање на теренот поради лизгање на земјиштето го направиле  домашни и странски експерти и има прва примена во регионот.






– Се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја, којашто воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата, околу нас и кога водата ќе се спои со графит, тогаш настанува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно да се изгради- рече Николоски.

Како што објасни на стабилизацијата на теренот ќе работат 5 машини кои тежат 130 тони. Три се веќе на терен, два ќе бидат донесени од странство.

– Секоја од овие машини влегува во земјата во должина од 20 до 28 метри. Тоа е помеѓу 7 и 11 ката зграда. Се влегува во земјата 7 до 11 ката надолу, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо и истите после тоа се поливаат со бетон. Помеѓу нив има цевки и има челични јажиња, кои што ги држат едните со другите и практично ние под земјата создаваме една целосна структура која што треба да ја држи основата на автопатот. Вакви решенија ќе се направат вкупно 250 на автопатот Охрид-Кичево коишто 163-те се кај Ботун, останатите се на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот – рече Николоски.

Николоски вели дека ова решение е новина во целиот регион и поради тоа е и предмет на интерес кај стручната јавност.

-Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот кој што претставува новина не само Македонија, токму во целиот регион, нешто за што ќе се предава на факултетите и на исклучено најголемиот светски симпозиум на научници во делот на градежништвото од вчера почна во Скопје, денеска се предава токму за ова  – рече тој.

Поврзани содржини