12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРЕГАЗЕНО НА БУЛЕВАР СРБИЈА Однесено е во болница со возило на Брза помош

Девојчето со итна помош е однесено во Ургентен центар, но не е во животнозагрозувачка состојба.

556

12-годишно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“.

Според информациите, станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а било удрено од возило марка „Фолксфаген пасат“.






Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од возило кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 07.12.2023 во 16.25 часот на бул.„Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Оттаму исто така велат дека продолжува увидот од страна на екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини