🎥 ЗМИИ ВИДЕНИ ВО АЕРОДРОМ, ДОЛНО ЛИСИЧЕ, КАЈ КВАНТАШКИ.. Топлото време ги намами влекачите на отворено

Фотографии и видеа од змии брзо се проширија на социјалните мрежи, дополнително засилувајќи ја загриженоста кај граѓаните.

0

Во неколку делови од Скопје во изминатите денови граѓани пријавиле дека забележале змии, што предизвика вознемиреност во јавноста, особено затоа што дел од змиите биле видени во густо населени и често посетувани градски локации.

Според сведоштвата на граѓани, змии биле забележани на повеќе локации: на патниот правец меѓу Горно и Долно Лисиче на 29 април, во близина на Кванташкиот пазар на 11 мај, како и во населбата Аеродром, на улицата „Владимир Комаров“ број 27, каде змија била забележана на 10 мај. Фотографии и видеа од змии брзо се проширија на социјалните мрежи, дополнително засилувајќи ја загриженоста кај граѓаните.

Иако ваквите појави не се невообичаени во пролетниот и летниот период, кога повисоките температури ги активираат влекачите и ги поттикнуваат да излегуваат од нивните природни живеалишта, проблемот повторно ја отвора темата за одржувањето на јавните зелени површини во урбаните средини.

Граѓаните сè почесто реагираат дека тревниците, празните парцели и дивите депонии создаваат услови за појава на вакви животни, особено во периферните и недоволно одржувани делови од градот.

Поврзани содржини