ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ НАДЖИВУВААТ МАЖИТЕ, ЕВЕ ЗА КОЛКУ Срцето и ракот остануваат најчести причини за смрт

Мажите во просек умираат на 72,2 години, а жените на 76,6 години, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

1

Жените во Македонија и натаму живеат подолго од мажите, покажуваат податоците за морталитетот во 2025 година.

Според Државниот завод за статистика, просечната возраст на починатите мажи изнесува 72,2 години, додека кај жените просекот е 76,6 години. Разликата е 4,4 години во корист на жените.

Минатата година во земјава починале 20.287 лица, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со 2024 година.

Од нив, 10.498 биле мажи, а 9.789 жени.

Најмногу смртни случаи биле регистрирани во јануари, вкупно 2.002, додека најмалку во април, кога починале 1.506 лица.

Најчеста причина за смрт и понатаму се болестите на циркулаторниот систем, кои учествуваат со 34 проценти во вкупниот број смртни случаи. Следуваат неоплазмите, односно малигните заболувања, со 19,6 проценти.

Во статистиката се евидентирани и 62 починати доенчиња, што претставува 0,3 проценти од вкупниот број починати лица во текот на годината.

Поврзани содржини