ЗЕЛЕНСКИ СО ОБВИНУВАЊЕ ДО КРЕМЉ Украинскиот претседател тврди дека Русија го одбива мировниот договор

Украинскиот претседател изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.

394

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА.

„За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот ‘за прекин на огнот’ веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.






Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште еднаш го потврдува фактот дека токму Русија настојува да ја продолжи војната и се обидува максимално да го одложи доаѓањето на мирот“, рече тој.

Зеленски изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.

За време на преговорите со американската делегација во пристанишниот град Џеда, Киев се согласи на 30-дневен прекин на огнот.

Претставниците на Москва досега изразија скептицизам во однос на овој предлог.
Специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф, денеска пристигна во Русија за разговори по ова прашање.

Поврзани содржини