ЗЕЛЕНСКИ НЕ ИМ ВЕРУВА НА СВОИТЕ Голем број на откази во Службата за безбедност на Украина

Зеленски го наведе своето незадоволство од фактот што повеќе од 60 вработени во СБУ и Обвинителството останале на териториите окупирани од Русија – нешто што властите во Киев го сметаат за предавство.

197

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави ДПА.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека одлуката влијае на персоналот на СБУ на различни нивоа.






– Генерално, сепак, причините се  незадоволителни резултати во работата – додаде тој.

Украинскиот претседател ги разреши шефот на СБУ Иван Баканов и главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Тој го наведе своето незадоволство од фактот што повеќе од 60 вработени во СБУ и Обвинителството останале на териториите окупирани од Русија – нешто што властите во Киев го сметаат за предавство.

Андриј Смирнов, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, рече дека речиси пет месеци по почетокот на војната, откривањето на руски шпиони во државните институции продолжува.

Според аналитичарите, целта на овие потези е да се зајакне контролата на украинскиот претседател врз армијата и безбедносните служби, на чие чело се луѓе назначени пред руската инвазија на 24 февруари.

Поврзани содржини