МОЖНО Е 1.500 ЛУЃЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ ВО ДАТА ЦЕНТАРОТ НА АМАЗОН ВО КОЖАНИ Постои можност капацитетот да достигне до 1 гигава

0

Инвестицијата што ја договори ДЕИ со американскиот гигант Амазон за изградба на дата центар во Кожани во овој момент е на врвот на инвестициите што се реализираат глобално, посочи заменик-претседателот на Владата на Грција Костис Хаѕидакис.

За време на посетата на северозападна Грција, Хаѕидакис се осврна на меморандумот од минатата седмица потпишан меѓу грчката национална компанија за електрична енергија (ДЕИ) и Амазон Веб Севисис (Amazon Web Services) за изградба на дата центар во Кожани што во почетната фаза ќе располага со 300 мегавати влезна електрична моќност.






Станува збор за инвестиција која не е значајна само за ДЕИ, туку ќе биде многу важна за земјата во целина.

– Местото кое со децении ја снабдуваше земјата со електрична енергија сега може да биде домаќин и на најсовремени инфраструктурни капацитети за cloud и вештачка интелигенција – нагласи Хаѕидакис.

За време на изградбата ќе бидат ангажирани стотици работници, а кога ќе започне со работа, во првата фаза, со капацитет од 300 мегавати, ќе бидат вработени 400 до 500 лица, главно научници од конкретната област, но кога проектот ќе биде целосно завршен, бидејќи постои можност капацитетот да достигне до еден гигават, ќе се зборува за 1.500 вработени.

– И лично сум многу задоволен од оваа инвестиција, бидејќи во 2019 година, како министер за животна средина и енергетика, ја презедов ДЕИ во состојба на работ на пропаст. Денес зборуваме за една сосема поинаква ДЕИ, која може да придонесе кон енергетската транзиција на Западна Македонија на многу позитивен начин, но и веќе придонесува за Грција многу побрзо да чекори кон иднината – посочи Хаѕидакис.

Ова е дел од поширокиот инвестициски план на ДЕИ во северозападна Грција со нови обновливи извори на енергија, складирање енергија, проекти за зелен водород итн., односно „план кој, со неговата реализација, ќе создаде повеќе од 5.000 работни места“.

Поврзани содржини