ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Е КЛУЧЕН ЗА РЕФОРМИТЕ Довербата се гради со транспарентност
Заменик-министерот за правда Ален Деребан порача дека реформите во правосудството не смеат да останат само декларативни. Според него, новиот Закон за Советот на јавните обвинители носи транспарентни критериуми, мерит-систем и образложени одлуки.
Довербата во правосудството се гради со вистинска транспарентност, напиша на Фејсбук заменик министерот за правда, Ален Деребан.
„На денешниот настан посветен на транспарентноста во работата на Советот на јавните обвинители, истакнав дека довербата во правосудството не се гради со декларации, туку со конкретни системски решенија.
Носењето на Законот за Советот на јавните обвинители претставува клучен чекор во реформите.
Овој закон носи суштински промени:
јасни и транспарентни критериуми за избор;
зајакнат мерит-систем;
задолжително образложени одлуки;
отвореност кон јавноста.
Реформите не смеат да застанат. Граѓаните очекуваат резултати, а тие резултати мора да ги испорачаме!“, порачува Деребан.