ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД ДРУГИ МОТИВИ Инспекторатот за јазици беше и не утврду ништо спорно
ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како и до сега“, нема повеќе неодење на работа и земање плата, нема повеќе немилосрдно, расипничко трошење на буџетите без да има резултати, вели директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека инспекциски надзор во институцијата потврдил доследно почитување на Законот за употреба на јазиците.
„Како директор на Институтот за јавно здравје ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за употреба на јазици и беше утврдено дека доследно се почитува Законот за употреба на јазиците во институцијата“, соопшти Андоновска.
Споед неа, очигледно ДУИ е мотивирана од други причини за неточните обвинувања.
„ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како и до сега“, нема повеќе неодење на работа и земање плата, нема повеќе немилосрдно, расипничко трошење на буџетите без да има резултати“, наведува Андоновска.
Таа додава дека во секоја институција мора да има ред, доследно почитување на законите и одговорност за сите.
„Во секоја инстутуција, вклучително и во Институтот за јавно здравје мора да постои ред, закони кои важат за сите подеднакво и одговорност за криминалите кои ги сториле ДУИ за време на нивниот мандат и кои транспарентно беа споделени со јавноста. Напоменувам, законите во Институтот за јавно здравје ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат за сите подеднакво, им се допаѓало на ДУИ тоа или не“, соопшти Андоновска.
Од ДУИ обвинија дека Андоновска им наредила на раководителите на секторите службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик и дека раководителите добиле инструкции преку пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат и за валидни ќе се сметаат само документите на македонски јазик.
„Законот за употреба на јазиците не е прашање на желба, ниту предмет на политичко пазарење. Никој нема мандат да се поставува над законот и никој нема право да го прогласува албанскиот јазик за неважечки во институциите на оваа држава“, соопшти ДУИ..