ЗАБАВА, ЧАШКА ВО РАКА… И ПОЛИЦИЈА НА ВРАТА Малолетници фатени со алкохол во скопски локали, приведени се 32 лица
Полицијата земала примероци од алкохолните пијалаци што ги консумирале малолетниците, а по завршување на вештачењето ќе бидат поднесени соодветни пријави. Државниот пазарен инспекторат ќе изрече парични казни и управна мерка за затворање на објектите во траење од 30 дена.
Во голема полициска акција во Скопје, службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 31 јануари 2025 година открија тројца малолетници како консумираат алкохол во угостителски објекти. Во рамките на контролите, приведени се вкупно 33 лица, а за сопствениците на локалите ќе следуваат казнени мерки.
Во првиот угостителски објект, полицијата затекнала тројца малолетници со алкохол, при што биле извршени проверки и легитимирање на вкупно 10 лица. Истовремено, во друг објект, полицијата привела 12 лица за утврдување на идентитетот. Најмасовно приведување се случило во трет локал, каде што биле лишени од слобода 21 лице кои биле затекнати во објектот.
Полицијата земала примероци од алкохолните пијалаци што ги консумирале малолетниците, а по завршување на вештачењето ќе бидат поднесени соодветни пријави. Државниот пазарен инспекторат ќе изрече парични казни и управна мерка за затворање на објектите во траење од 30 дена.
„Контролите продолжуваат, а надлежните апелираат до угостителите да ги почитуваат законските прописи со цел да се спречи малолетничката консумација на алкохол“, информираат од МВР.