ЗА БАРУТАНА ЕДНО ЗБОРУВААТ ЈАВНО, ЗА ДРУГО ГЛАСААТ!? ЗНАМ за советниците од СДСМ во Центар

Очигледно е дека во СДСМ постои сериозна неусогласеност на ставовите во поглед на Деталниот урбанистички план за реонот Барутана, посочува Движењето За наша Македонија – ЗНАМ во соопштение.

0

„Претседателот на СДСМ Венко Филипче јавно порача, дека, додека тој е лидер на партијата, во Барутана нема да се стави ниту една цигла. Во истовреме, спорниот нацрт ДУП за Барутана беше донесен пред советот на Општина Центар и доби поддршка токму од советниците на СДСМ.

Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана? Дали еден е за пред јавноста, а друг кога треба да се гласа?






Советниците на Движењето ЗНАМ во советот на Општина Центар имаа јасен став, гласаа против и остануваат доследни на тој став.

Затоа денес бареме од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски да направи конкретен чекор.

Граѓаните на Центар не барат ниту политички, ниту партиски координации, ниту празни ветувања. Бараат јасна постапка. Бараме Филипче, Герасимовски и советниците на СДСМ, во советот на Општина Центар да ги усогласат ставовите и во интерес на граѓаните кои ги гласале, да се повлече нацрт ДУП за Барутана“ – пишува ЗНАМ во соопштение.

Поврзани содржини