ВРИЕ НА МАЛТА ПО ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА НАРАЧКА НА УБИСТВО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈА Владата повика да се смират тензиите

Новинарката Дафне Галиција беше убиена во 2017 година со автомобил бомба пред својот дом. Тројца мажи беа осудени за извршување на убиството, а двајца за набавка на бомбата, а бизнисменот Јорген Фенех, кој беше обвинет за соучесништво во убиството и за злосторничко здружување, вчера беше ослободен.

0

Владата на Малта повика на смирување на јавноста по ослободителната пресуда за тајкунот обвинет за нарачка за убиство на новинарката Дафне Галиција, извршено во 2017 година, откако таа пишуваше за даночни оази на светската политичка елита.

Вчерашната пресуда ги разбесни семејството на жртвата, јавноста на Малта и наиде на критики од Репортери без граници кои изјавија дека се „згрозени“ со таквата одлука.






Премиерот Роберт Абела не го коментираше случајот, но неговата Влада ја повика јавноста на воздржаност.

„Во овој момент владата апелира на внимателност во јавните изјави што можат да донесат повеќе штета отколку корист“, се нагласува во објавата на владата.

Галиција беше убиена на возраст од 55 години во напад со автомобил бомба пред својот дом во 2017 година. Таа ги истражуваше т.н. „Документи од Панама“, протечени документи од панамска адвокатска канцеларија која откри на кои начини светската елита крие пари во даночните оази.

Тројца мажи се осудени за извршување на убиството, а двајца за набавка на бомбата.

Но, бизнисменот Јорген Фенех, наследник на голем број хотели и коцкарници, вчера беше ослободен со одлука на поротата 8 спрема 1. Тој беше обвинет за соучесништво во убиството и за злосторничко здружување заради извршување убиство.

Обвинителите можат да се жалат за пресудата.

За време на судењето што траеше нешто помалку од два месеца, обвинителството тврдеше дека Фенех сакал смрт за Дафне Галиција, бидејќи имала намера да разоткрие информации за него.

Синот на Галиција, Метју на Фејсбук изрази запрепастување од „ужасната одлука на поротниците“.

„Имаа голема одговорност да ја задоволат правдата. Но, ги измија рацете од неа“, напиша тој.

Опозициската Националистичка партија синоќа одржа „тивок протест“ пред канцеларијата на премиерот и побараа вонредна седница на Парламентот поради пресудата.

Поврзани содржини