ВРЕЛИ ДЕНОВИ, ЖЕШКИ НОЌИ, ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ Топлинскиот бран ќе трае најмалку до крајот на следната недела

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

2

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.






Мииналната температура ќе се спушти до 11 степени во Берово. Најтопло ќе биде во Велес и во Демир Капија, со температура до 39 степени Целзиусови.

Фото: УХМР 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро, до 38 степени во текот на денот.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 32 , степени, а во некои места ќе надмине 40 степени Целзиусови.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Фото: УХМР

 

Денеска најтопло беше во Велес, каде во 17 часот се измерени 39 степени Целзиусови. Во Виница, Кавадарци и во Демир Капија максималната температура изнесуваше 38, а во Скопје, Струмица и во Гевгелија, 37 степени.

Поврзани содржини