ВОДАТА ОД ЧЕШМА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ НИТУ ЗА МИЕЊЕ ЗАБИ Грчките власти ги алармираат туристите во едно познато одморалиште

По микробиолошки анализи, локалните власти препорачуваат водата од чешма да не се користи ниту за пиење, ниту за подготовка на храна или миење заби.

0

Туристите кои престојуваат во едно од најпознатите летувалишта во Грција добија важно предупредување поврзано со квалитетот на водата за пиење.

На туристичките групи и страници посветени на летувањето во Грција е објавено известување дека, по спроведени микробиолошки анализи, водата од чешма во Сивири и околните населени места во регионот на Касандра не треба да се користи за пиење.






Според објавените информации, препораката не се однесува само на пиењето вода, туку и на нејзиното користење за подготовка на храна, миење заби и други намени при кои постои можност за нејзино внесување во организмот.

На туристите и жителите им се советува до понатамошно известување да користат исклучиво флаширана или претходно превриена вода за сите овие потреби.

Засега не е соопштено кога ограничувањето ќе биде укинато, а се очекуваат нови анализи кои ќе потврдат кога водата повторно ќе биде безбедна за употреба.

Поврзани содржини