ВОЈНАТА НЕМАШЕ НИ ДА ЗАПОЧНЕ АКО ЈАС БЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ Се јави Трамп по телефонскиот разговор со Путин

„Се договоривме за итен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, договоривме да работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и на крајот да ставиме крај на оваа ужасна војна меѓу Русија и Украина“, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп.

266

Мојот телефонски разговор денеска со рускиот претседател Владимир Путин беше многу добар и продуктивен, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

„Се договоривме за итен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, договоривме да работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и на крајот да ставиме крај на оваа ужасна војна меѓу Русија и Украина“, напиша тој.






Трамп го повтори своето тврдење дека војната никогаш немаше да започне доколку тој беше претседател во февруари 2022 година, кога Русија ја нападна Украина.

„Се разговараше за многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници беа убиени и дека и претседателот Путин и претседателот Зеленски би сакале тој да биде прекинат“, напиша Трамп.

Поврзани содржини