ВО МАРТ БЛИЗУ 74.000 ТУРИСТИ ЈА ПОСЕТИЛЕ МАКЕДОНИЈА Најбројни биле Германците и Турците

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март се направени 134.233 ноќевања од туристи.

1

Во март се регистрирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски туристи.
Учеството во бројот на ноќевањата на домашните туристи е 26,5% а на странските 73,5% .

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските има зголемување за 6,9 %. Вкупниот број на ноќевањата, пак,  е намален за 0,3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %.

Најмногу странски туристи во март дошле од Германија вкупно 9.645 туристи. Следат Турција со  9.090, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.

 

Поврзани содржини