Нови 16 случаи со ковид-19 се дијагностицирани во Албанија,со што вкупниот број се зголеми на 377 лица, најголем број од нив во Тирана или 177 лица.
– Во последните 24 часа тестирани се 175 сомнителни случаи,при што позитивни резултати се добиени кај 16 од нив. До сега тестирани се вкупно 2.571 сомнителн слуаи а Ковид -19 е потврден кај 377 лица. Во последното деноноќие излекувани се 12 пациенти или вкупно 112 до сега. Значи 30 отсто од зразените се излекувани – изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Според неа регистрирана е ште една жртва со што бројот се зголеми на 21 лице. Последната жртва е Скендер Курти(61) понарешен боксерски шампон и активен тренер.
Бил хоспитализиран даесет дена во Инфективната клиника во Тирана а пред две недели доживеал клиничка смрт,но бил вратен во живот.Боледувал и од хипертензија.
– Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 66 пациенти од кои пет се на интензивна терапија. Во болницата „Шефќет Ндроќи“ се седум пациенти,од нив шестмина на интензивна терапија – рече Ракацоли.
Според експерите од оваа област оваа недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот.