🎥 ВЕСНА ПИСАРОВИЌ Ѝ СЕ ВРАЌА НА ПОП МУЗИКАТА Помладите ќе откријат нова ѕвезда

Хрватицата Весна Писаровиќ имаше неколку популарни хитови, меѓу кои и денес се памети и се пее песната „Да знаш“, инаку препев на „Non c'è“ на големата италијанска ѕвезда Лаура Паусини.

102

Некогаш суперпопуларната хрватска пејачка Весна Писаровиќ за неколку дена ќе го објави новиот долгоочекуван сингл. Публиката долги 20 години чекаше на нова песна.

– Првиот стих започнува со „прашај зошто сум толку блед“, а потоа преминува во љубовна приказна, приказна која може да биде и опасна и убава во исто време – вели пејачката.






Со нова песна Весна најавува нов поп албум, кој е при крај.

– Навистина сум возбуденa поради тоа. Многу се оддалечив од поп музиката и пеев само џез 15 години. Да се каже нешто директно со еден стих, со аранжман кој мора да биде богат, е многу возбудливо и повторно се заљубив во поп музиката – изјави таа неодамна.

Весна Писаровиќ имаше неколку популарни хитови, меѓу кои и денес се памети и се пее песната „Да знаш“, инаку препев на „Non c’è“ на големата италијанска ѕвезда Лаура Паусини. Слушнете го големиот хит на Весна Писаровиќ:

Поврзани содржини