🎥 ВЕРЕНИКОТ НА АРИНА САБАЛЕНКА ИМАЛ РАК И БИЛ ШВОРЦ Георгиос Фрагулис откри како од ништо изградил бизнис од 300 милиони долари

Георгиос Франгулис откри како во 2016 година добил тешка дијагноза во моментот кога бил речиси без пари, а само неколку месеци подоцна ја отворил првата продавница на Oakberry

362

Георгиос Франгулис, вереникот на тениската ѕвезда Арина Сабаленка, денес е успешен претприемач и основач и извршен директор на глобалниот бренд Oakberry, но неговиот пат до деловниот успех започнал во исклучително тежок период. Во август 2016 година му бил дијагностициран рак на тироидната жлезда, а во исто време бил речиси без пари и се обидувал да го реализира својот план за отворање на првата продавница за акаи.

Во едно од своите понови интервјуа за поткастот The Venture, тој раскажал за овој тежок период од својот живот.






– Ми беше дијагностициран рак на тироидната жлезда, бев скршен – раскажал Франгулис, опишувајќи го периодот во кој истовремено морал да се подготвува за операција и да најде начин да го финансира новиот бизнис. Според неговото сведоштво, старата полиса за животно осигурување што ја поседувал содржела и клаузула за тешки заболувања. Кога ја пријавил дијагнозата, добил исплата која му помогнала да го финансира лекувањето и да го реализира планот за Oakberry.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Venture Podcast (@theventureshow)

Во меѓувреме, животот му бил целосно испланиран околу неколку големи настани. Франгулис во октомври 2016 година се оженил со неговата тогашна сопруга Изабела ‘Бех’ Арментано, а само две недели подоцна, на 16 октомври, бил опериран поради ракот на тироидната жлезда. И покрај здравствениот проблем и финансиската неизвесност, не се откажал од деловната идеја. На 6 декември 2016 година во Сао Паоло ја отворил првата Oakberry продавница.

Идејата била популарното бразилско овошје (акаи), да се претвори во брз, едноставен и препознатлив производ, со можност за ширење преку франшизи. Концептот успеал многу побрзо од очекуваното. Од мала продавница, Oakberry за само неколку години прераснал во меѓународен синџир. Во поновите интервјуа Франгулис зборува за повеќе од 1.000 локации во околу 50 земји, додека компанијата продолжува да се шири на нови пазари.

Франгулис е роден и израснат во Сао Паоло, но неговото семејство потекнува од Солун, Грција, па во странските медиуми често е опишуван како бразилско-грчки претприемач. Покрај Oakberry, тој е познат и по страста кон автомобилизмот – се натпреварувал во Porsche GT3 Cup, а во последните години влегол и во спортските инвестиции. Во 2025 година стана сопственик на францускиот фудбалски клуб Ле Ман.

Неговиот приватен живот денес е тесно поврзан со тениската сцена. Франгулис се запознал со Сабаленка во јануари 2024 година преку деловната соработка со Oakberry, кога тенисерката станала амбасадорка на брендот. Во април, тој и Сабаленка биле првпат фотографирани заедно, а во јули јавно ја потврдија врската. Кога започна неговата јавна врска со Арина, тој сè уште бил во брак, а неговата тогашна сопруга потврдила дека е во процес на развод. Во март 2026 година Франгулис и Сабаленка се свршија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka)

Поврзани содржини