ВЕРЕН ПРИЈАТЕЛ И СОПАТНИК НА ПРАВОСЛАВИЕТО Вселенскиот патријарх Вартоломеј по смртта на папата Франциск

Посетата на папата Франциск на Турција за прослава на годишнината од Соборот во Никеја се очекуваше во мај.

314

Во видео обраќање по смртта на папата Франциск, вселенскиот патријарх Вартоломеј го опиша како „верен пријател и сопатник“ на Вселенската патријаршија и на Православието, пишува грчкиот весник „Етнос“ во своето онлајн издание.

Вартоломеј потсети на истовремената посета и средба на двајцата на Светите места во 2014 година и изрази жалење што не можеле заедно да ја прослават годишнината од Првиот вселенски собор во 325 година во Никеја (денешен Изник ​​во Турција) и да разговараат за „патот до заедничкиот потир“, т.е. зближувањето меѓу источно православниот и римокатоличкиот клон на христијанството.






Посетата на папата Франциск на Турција за прослава на годишнината од Соборот во Никеја се очекуваше во мај.

Како што потсетува грчкиот портал „Трибјун“, Франциск и Вартоломеј имале пријателски и конструктивни односи. Вартоломеј присуствуваше на папското устоличување во 2013 година – прв вселенски патријарх што го сторил тоа по Големиот раскол меѓу двете цркви во 1054 година.

Поглаварот на Римокатоличката црква почина денеска во Рим.

Поврзани содржини