МОРТУС ПИЈАН ВОЗЕЛ НИЗ МАКЕДОНСКИ БРОД Удрил во кола, но за среќа не повредил никого, ама полицијата го уапси
По документирање на случајот, против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Полицијата рано утрината во Македонски Брод, го уапси М.С.(25) поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило ” по член 297-А од Кривичниот законик.
Како што е соопштено, тој на ул. Крушевска Република во Македонски Брод, со патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пијан, удрил во паркирано патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(28) од Скопје. Притоа причинил само материјална штета, а повредени лица нема. По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.