ВЕДРАНА РУДАН ОТИДЕ ВО ПОДРАЧЈЕ БЕЗ СИГНАЛ Почина познатата хрвaтска писателка

Кратка и загадочна порака беше објавена утрово на официјалната Фејсбук страница на Ведрана Рудан, но извори блиски до семјеството ја потврдиле нејзината смрт за хрватски Дневник.

740

Почина писателката Ведрана Рудан. „Ведрана замина на подрачје без сигнал“, објавено е на нејзината официјална страница, а веста за Dnevnik.hr ја потврдија извори блиски до неа.

Кратка и загадочна порака објавена на официјалната Фејсбук страница на хрватската писателка, колумнисткат и новинарка Ведрана Рудан утрово предизвика големо внимание кај нејзините следбеници.






– Ведрана отиде на подрачје без сигнал – стои во објавата, без дополнително објаснување зошто е објавена токму ваква порака.

Фразата, сепак, добива особено силна симболика поради тоа што самата Рудан пред повеќе од една година токму со изразот „подрачје без сигнал“ зборуваше за смртта. Во интервјуто за емисијата „Nedjeljom u 2“, говорејќи за својата болест и за неизбежноста на смртта, рече:

– Мојата смрт нека ја сфатат како заминување во подрачје без сигнал – додавајќи дека се чувствува како „бесмртна“.

Достапните информации од последните месеци покажуваат дека таа се бореше со болеста и јавно зборуваше за својата состојба. На 27 јули годинава објави колумна во која пишуваше за секојдневието на онколошките пациенти и за медицинските сестри кои се грижат за нив.

Рудан веќе повеќе од две години се лекуваше од агресивен карцином на жолчните канали. Во март годинава, по тешки компликации поврзани со лекувањето на метастази на црниот дроб, беше подложена на хипербарична терапија во КБЦ Риека. Тимот на лекари ја примени оваа метода за лекување на тешките последици од радиотерапијата, а Рудан тогаш извести дека состојбата значително ѝ се подобрила. „Одам, јадам, пијам, дишам“, напиша таа откако за две недели повторно качила десет килограми.

Сепак, подобрувањето не траеше долго. Во мај и јуни таа повторно пишуваше за тешкотиите со кои се соочува, а во своите текстови зборуваше за своето сериозно нарушено секојдневно функционирање. Во една од своите најпотресни колумни опиша дека поминува многу време во болница и дека нејзиното семејство ѝ помага во секојдневните активности.

 

Поврзани содржини