Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, го сподели своето мислење за натпреварите без гледачи во услови на пандемија на коронавирус.
– Веројатно ќе биде во ред да има неколку такви натпревари. Но, не знам како би било да се одржат 100 натпревари без гледачи. Тоа ќе биде многу тешко – вели Валверде.
За неговото искуство на натпревари без гледачи тој рече: „Беше ужасно. Не бевме подготвени да играме на овој начин. Можеби сега сите ќе бидат ментално подготвени“.
Тренерот истакнува дека Шпанија поминала тежок период.
– Поминавме тешки времиња, особено поради грижата за оние што се најблизу до нас. Ние доживуваме нешто што порано не се случило, и можеби ова нè принуди да посветиме должно внимание на луѓето кои вршат поважна работа. Но, фудбалот нема да престане да биде фасцинантен настан, од кој сите добиваат големо задоволство – заклучи Валверде.