УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ СОМНИТЕЛЕН НА ЧУМА ВО РУСИЈА, СЗО БАРА ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ Експертите стравуват дека станува збор за патоген менуван за развој на биолошко оружје!

За американскиот експерт д-р Пински случајот со Шипилова е „малку збунувачки“ бидејќи лаборантката не можела да се зарази од скршената епрувета, дури и „да ја ставила во уста“. Тој претпоставува дека Шипилова била изложена на невообичаено голема доза и затоа нејзината состојба брзо се влошила и покрај третманот.

0

Светската здравствена организација (СЗО) побара од руските власти информации по медиумските извештаи дека уште еден лабораториски работник боледува од пневмонија од неутврден причинител.

СЗО, исто така, побара дополнителни податоци за да се разјасни причината за тешката пневмонија и да се утврди патогенот што довел до воведување мерки за јавно здравје, објавија британските медиуми.






Руската служба за здравствен надзор вчера објави дека не се регистрирани случаи на чума кај лицата кои биле во контакт со лабораторискиот работник на Институтот за проучување на антракс, кој почина минатата недела.

Лабораториски работник во Истражувачкиот институт за борба против чума во Иркутск, на југоистокот на Сибир, почина на 2 октомври под сè уште нејасни околности, а причината за смртта беше „пневмонија со непозната етиологија“.

Дарија Шипилова (28), која работеше во истражувачки институт, скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума на 25 септември. Подоцна, на 29 септември, беше примена во болница со симптоми на тешка пневмонија и почина ноќта помеѓу 1 и 2 октомври.

Руските власти соопштија дека не пронашле докази дека нејзината болест е предизвикана од кој било од патогените со кои работела и рекоа дека ситуацијата е под контрола. Болницата каде што била лекувана работничката била ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа биле подложени на строг медицински надзор.

Случајот со Дарја Шипилова ги зголеми шпекулациите дека најверојатно патогенот бил генетски менуван, односно дека било развивано биолошко оружје.

Д-р Дру Пински, угледен американски лекар, со повеќедецениско клиничко и академско искуство, истовременот активен во јавноста, за Њузмакс оцени дека нема причина за паника поради сомнението за белодробна чума во Русија. Тој објасни дека пневмоничната чума може да се пренесува од човек на човек преку респираторни капки, но дека нејзиното пренесување не е лесно и обично бара близок контакт. Пински нагласи и дека чумата се лекува со антибиотици, но дека кај белодробната форма е од клучно значење терапијата да почне што е можно порано.

Според Пински случајот со Шипилова е „малку збунувачки“ бидејќи лаборантката не можела да се зарази од скршената епрувета, дури и „да ја ставила во уста“. Тој претпоставува дека Шипилова била изложена на невообичаено голема доза и затоа нејзината состојба брзо се влошила и покрај третманот.

– Раниот третман е клучен во сите овие случаи, но кај оваа аеросолна верзија, изгледа дека таа била изложена на толку голема доза, што антибиотиците не делувале. Тоа е сосема поинаква ситуација, но би требало да може да се стави под контрола – наведе Пински.

На прашањето дали инцидентот вклучувал форма на чума наменета за оружје, докторот истакна дека е за очекување руската лабораторија за борба против чума да поседува примероци од оваа болест. Според него не е изненадувачки да се истражувале верзии на бактеријата со оглед на тоа што во Русија има 65.000 луѓе кои работат со биолошки материјали.

– Важно е да се запамети дека е доволен само еден патник во авион и работите навистина би можеле да излезат од контрола. Сепак, во овој случај, тоа не е толку веројатно – посочи Пински.

Поврзани содржини