УНИЦЕФ АЛАРМИРА ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Над 420 деца секој ден се убиени или повредени во Појасот Газа

Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи на 8.306 луѓе, од кои 3.457 се деца.

103

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 8.306 луѓе, од кои 3.457 се деца и 2.136 жени.

Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се  над 21.000 лица.






Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а над 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.

Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел изјави денеска дека во Појасот Газа секојдневно се убиени или повредени повеќе од 420 деца.

-Вистинската цена на оваа последна ескалација ќе се мери со животите на децата – рече Расел на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со хуманитарната ситуација во Газа.

Таа додаде дека најмалку 37 деца наводно биле убиени на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

– Ситуацијата се влошува од час во час. Без прекин на непријателствата, се плашам за судбината на децата во регионот – изјави Расел.

Расел го повика Советот за безбедност веднаш да усвои резолуција со која се повикува на прекин на огнот, барајќи од страните да овозможат безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош и барајќи итно и безбедно ослободување на сите киднапирани деца.

Поврзани содржини