УАПСЕНИ 6 МАЖИ НАСИЛНИЦИ Ги тепале родителите, децата, сопругите, пасторката…

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.

0

Седум пријави за семејно насилство добила полицијата во изминатото деноноќие. Уапсени се 6 насилници, сите мажи. Тие ги нападнале родителите, децата, сопругите, а еден ја нападнал пасторката. Неколкумина од нив биле пијани.

На 31.5.2026 година во 17:55 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко.






На 1.6.2026 година во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.5.2026 година во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип.

На 31.5.2026 година во 23:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М.(26) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал 16-годишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга.

На 1.6.2026 година во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Д.(53) од Велес, постапувајќи по пријава од Центарот за социјални работи Велес дека по кратка расправија физички го нападнал неговиот 16-годишен син. По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.

На 31.5.2026 година во 21:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(34) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот им се заканувал на неговите родители. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. По преземени мерки било констатирано дека А.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.

На 31.5.2026 година во 13:45 часот во Полициското одделение Жеровјане, полициски службеници го лишија од слобода Р.С.(38) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 56-годишна мајка дека по кратка расправија физички ја нападнал.

На 31.5.2026 година во 21:35 часот на улицата Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(42) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга од Гостивар, со која се во бракоразводна постапка, дека по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.

Поврзани содржини