ФРОНТ ПО СРПСКИ ТЕРК Новинарот Сеад Ризвановиќ вели дека стратегијата на СДСМ како да е правена со ЧатЏПТ
Не знам кој ја прави стратегијата на опозицијата ама се редат утка до утка, тврди Ризвановиќ на Фејсбук.
„Се формирал Фронт за слобода? Мислам ок е, да се употребуваат рандом кованици препишани од Србија, ама реално Македонија во моментов нема некој посебен проблем поврзан со генералните слободи, изборите или слобода на медиумите“, пишува новинарот на ТВ24 Сеад Ризвановиќ на Фејсбук.
Тој важи за новинар кој е критички настроен кон власта.
„Има тона други проблеми кои можеле да бидат лајтмотив на ‘фронтот’, ама ова навистина звучи како стратегија правена со ЧатЏПТ”, заклучува Ризвановиќ.