УАПСЕН ДИРЕКТОР НА ЦАРИНА ПОРАДИ МИТО ОД 15.000 ЕВРА Ги зел парите и избегал, полицијата го фатила

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа.

71

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа.

МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани пари кои му биле предадени на осомничениот.






По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и избегал. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.

Се очекува официјална потврда од полицијата за апсењето на Имери.

Поврзани содржини