📽️ ТРАМП ОТКРИ ШТО ЈА „УБИВА“ ЕВРОПА Европските лидери добија жестока порака

Американскиот претседател оцени дека илегалната миграција и енергетската политика се најголемите закани за Европа и ги повика европските лидери на поостри мерки.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати критики кон европските лидери, оценувајќи дека илегалната миграција и енергетската политика се двата најголеми проблеми со кои се соочува Европа.

За време на обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп ги повика европските влади да воведат построги мерки за заштита на границите, оценувајќи дека сегашната политика не носи позитивни резултати.






– Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е енергетиката – изјави американскиот претседател.

Тој порача дека европските земји дозволуваат влез на луѓе кои, според него, нема да придонесат за општеството.

– Дозволувате влез на луѓе кои, во многу случаи, нема да ви помогнат. Ќе бидам благ, тие едноставно нема да ви помогнат – рече Трамп.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NDTV Profit (@ndtvprofit)

Неговите изјави доаѓаат во период кога повеќе европски земји се соочуваат со зголемен миграциски притисок, вклучително и шпанската енклава Сеута, каде што последните денови е зголемен бројот на мигранти кои пристигнуваат од африканскиот континент.

Ова не е првпат Трамп јавно да ја критикува европската миграциска и енергетска политика. И претходно, меѓу другото и во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во септември 2025 година, тој оцени дека имиграцијата и „зелената“ енергетска политика претставуваат „двоглаво чудовиште“ што, според него, ја загрозува Европа.

Поврзани содржини