ТРАМП ОСНИВА AI FORCE И БАРА ЦАР НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Први сме во светот и имам намера да остане така

Ние на никаков начин нема да го попречиме или задушиме растот на оваа неверојатна индустрија. Напротив, ќе ја негуваме, ќе ѝ помогнеме и ќе го надгледуваме нејзиниот раст, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

0

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека основа специјално тело наречено Сила за вештачка интелигенција, кое треба да го следи развојот на вештачката интелигенција во САД и дека ќе назначи координатор  кого го нарече цар на вештачката интелигенција.

„Ги основам AI Force, слично како што ги основав Space Force за време на мојот прв мандат, што беше огромен успех“, напиша денеска Трамп на социјалната мрежа Трутх соушл.






Тој додаде дека наскоро ќе објави кој ќе биде новиот цар на ВИ.

„Само лица со висок коефициент на интелигенција можат да аплицираат“, напиша Трамп.

Волстрит журнал објави дека ова е прв пат Трамп да објави специјално федерално тело кое треба да го надгледува развојот на вештачката интелигенција. Досега претседателот не објави детали како ќе биде организирана, кој ќе ја сочинува или какви конкретни овластувања ќе имаат лицата во организацијата.

Објавата доаѓа во услови на интензивирана дебата во САД за тоа дали да се забави развојот на најнапредните модели на вештачка интелигенција. Лидерите на неколку водечки технолошки компании во последните денови повикаа на посилни безбедносни мерки и побавен развој на најмоќните системи.

Трамп се спротивставува на тоа.

„Сè започна со напад врз нашите центри за податоци, сè додека луѓето не сфатија колку се богати и престижни тие центри за заедниците во кои се изградени. Повисоки плати, пониски даноци и побезбедни улици беа резултатот, а лудилото со нападите врз центрите за податоци во голема мера пропадна. Затоа сега, на многу сличен начин како што го променија терминот „глобално затоплување“ во „климатски промени“, бидејќи така се опфаќа многу поширока „територија“ на сомнеж, тие директно се насочуваат кон ВИ. Ние на никаков начин нема да го попречуваме или задушуваме растот на оваа неверојатна индустрија. Напротив, ќе ја негуваме, ќе ѝ помагаме и ќе ја надгледуваме додека расте! Сепак, ќе ги бараме и лошите работи, а тоа можеме многу лесно да го направиме со нашиот веќе постоечки систем на кривично и граѓанско право. За таа цел, формирам AI Force“, ​​напиша тој.

Во последните денови Трамп ги отфрла предупредувањата за можните екстремни ризици од вештачката интелигенција. Пред неколку дена напиша дека на вештачката интелигенција ѝ е потребен само „силен и паметен претседател“. Тој ги поврзува повиците за построга регулатива со напорите за забавување на САД во технолошката трка со Кина.

„Ние сме пред Кина и остатокот од светот и имам намера да го задржам тоа така“, додаде тој.

Американскиот претседател првенствено ја претставува вештачката интелигенција како економска и геополитичка можност за САД.

„Вештачката интелигенција е следната индустриска револуција, но ќе биде уште поголема и повлијателна, можеби до 25 проценти од БДП на нашата земја“, напиша Трамп.

 

Поврзани содржини