ТРАМП ГО НАВРЕДИ ЏОРЏ КЛУНИ „Тој е актер од втор ред и пропаднат политички коментатор“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро одговори на критиките од холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, нарекувајќи го „актер од втор ред и пропаднат политички коментатор“, откако актерот во една телевизиска емисија ги критикуваше неговите односи со медиумите.

544

Американскиот претседател Доналд Трамп остро одговори на критиките од холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, нарекувајќи го „актер од втор ред и пропаднат политички коментатор“, откако актерот во една телевизиска емисија ги критикуваше неговите односи со медиумите.

Конфликтот избувна откако Џорџ Клуни се појави во неделната емисија „60 минути“ на „Си-би-ес“, каде славниот актер изрази загриженост поради притисоците врз слободата на медиумите.






„Владите не ја сакаат слободата на печатот. Тие никогаш не ја сакале. И тоа важи поеднакво и за конзервативците, како и за прогресивците“, изјавил Клуни.

Тој особено ги истакнал неодамнешните спогодби меѓу администрацијата на Трамп и водечките американски медиуми.

– Кога другите три гранки на власта не успеваат, кога нè изверуваат судската, извршната и законодавната гранка, четвртата гранка мора да триумфира. „Еј-би-си“ штотуку постигна спогодба со администрацијата на Трамп, а „Си-би-ес њуз“ го прави истото. Сведоци сме на употребата на владата за заплашување, казнување или манипулирање на медиумските куќи за да се намали моќта на новинарите – предупредил Клуни.

Актерот мислеше на спогодбата од 15 милиони долари меѓу „Еј-би-си“ и Доналд Трамп, која телевизиската мрежа се согласи да ја плати за да избегне тужба за клевета поради коментарите на водителот на вестите за случајот Е. Џин Керол, во кој претседателот беше обвинет за сексуален напад. Тој исто така ја спомна потенцијална спогодба од 10 милиони долари од „Си-би-ес“ поврзана со интервјуто со Камала Харис.

Трамп не чекаше долго да одговори. На својот профил на социјалните мрежи Truth Social, претседателот напиша: „Зошто дискредитирана емисија како „60 минути“ го фали Џорџ Клуни, актер од втор ред и пропаднат политички коментатор?“

Трамп, исто така, ја исмејуваше претходната поддршка на Клуни за Џо Бајден: „Тој се бореше со раце и нозе за избор на „заспаниот Џо“, а потоа, веднаш по дебатата, го напушти како куче“.

Клуни, кој моментално настапува на Бродвеј, претходно го објасни своето повлекување од поддршката за Бајден пред тој да се повлече од претседателската трка: „Бев воспитан со идејата дека секогаш треба да ја кажуваш вистината. Го видов претседателот одблиску и бев изненаден од неговото здравје. Чувствував дека нашата партија покажува многу кукавичлук по ова прашање“.

 

Поврзани содржини