ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ ВО СРБИЈА „Форд“ влетал во спротивна насока, четворица загинаа

Возач на „форд“ се движел во спротивна насока и директно удрил во „голф“ со млади патници кај Шабац-Рума во Србија. Четворица загинаа, еден се бори за живот.

0

Четири млади лица загинаа во директен судар на автопатот Шабац – Рума во Србија. Уште едно 22-годишно лице е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот, пишуваат регионалните медиуми.

Несреќата се случила кога возач на „форд“ со белградски таблици се движел во спротивна насока и директно се судрил со „голф“.

Само неколку минути пред сударот, на социјалните мрежи се појавило предупредување за опасното возење.

„Автопат во близина на Шабац кон Рума, човек вози во спротивна насока со 130 на час, внимавајте! Темно сив Форд. Овој ќе убие некого“.

Набргу потоа, околу 13 часот, се случила трагедијата. Во „голфот“ се наоѓале четири млади лица. Патувале кон Словенија преку апликација за делење превоз.

Две лица, маж и жена, загинале на лице место. Возачот на „голфот“, 24-годишно лице, подоцна им подлегнал на повредите во болница.

Четвртото лице, на возраст од 22 години, е во тешка состојба.

Во сударот загинал и возачот на „фордот“, кој се движел во спротивна насока.

Поврзани содржини