НЕ БЕШЕ ПОВИК ЗА АТЕНТАТ, ТУКУ ШЕГА ЗА РАЗЛИКАТА ВО ГОДИНИТЕ Кимел се правда што ја нарекол Меланија „вдовица во исчекување“

Во синоќешниот монолог, Кимел рече дека му е жал што претседателот и присутните на настанот поминале низ трауматско и страшно искуство за време на гала-вечерата во Белата куќа.

0

Водителот на ноноќно ток-шоу Џими Кимел изјави дека неговата шега за првата дама Меланија Трамп не била „повик за атентат“ откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од неговата ТВ станица тој „веднаш да биде отпуштен“ поради коментарите, јавува ДПА.

Кимел синоќа ја започна својата програма „Џими Кимел во живо!“ со опис на шегата како лесна критика за разликата во годините на претседателската двојка и „во никој случај, не како повик за атентат“.

Ова се случува откако во саботата ноќта вооружен човек се обиде да упадне на вечерата на дописниците од Белата куќа. Неколку дена пред инцидентот, Кимел направи скеч за вечерата каде што се пошегува дека Меланија „сјае како вдовица во исчекување“, потсетува германската агенција.

Во синоќешниот монолог, Кимел рече дека му е жал што претседателот и присутните на настанот поминале низ тоа трауматско и страшно искуство.

Меланија вчера одговори на скечот во објава споделена на мрежата Икс и го опиша водителот на ток-шоуто како „кукавица“.

„Неговиот монолог за моето семејство не е комедија – неговите зборови се корозивни и ја продлабочуваат политичката болест во Америка. Луѓе како Кимел не треба да имаат можност да влегуваат во нашите домови секоја вечер за да шират омраза. „Доста е. Време е Еј-би-си да заземе став. Колку пати раководството на Еј-би-си ќе го овозможи ужасното однесување на Кимел на сметка на нашата заедница“ – напиша Меланија Трамп.

Комичарот Кимел во синоќешното шоу ја коментираше оваа објавата на Меланија Трамп.

– Се согласувам дека омразата и насилната реторика се нешто што треба да го отфрлиме. Да, и мислам дека одлично место за почеток би било да разговарате со вашиот сопруг за тоа – рече Кимел.

Претходно, Доналд Трамп го критикуваше Кимел во објава на неговата платформа Трут соушл и побара тој да биде отпуштен:

„Џими Кимел, кој во никој случај не е смешен, како што потврдуваат неговите ужасни телевизиски рејтинзи, даде изјава во неговата емисија што е навистина шокантна. Еден ден подоцна, еден лудак се обиде да влезе на гала-вечерата на дописниците од Белата куќа, натоварен со пушка, пиштол и многу ножеви. Тој беше таму од многу очигледна и злокобна причина. Ценам што толку многу луѓе се разбеснети од презривиот повик на Кимел за насилство и нормално, не би реагирале на ништо што ќе каже, но ова е нешто далеку над границите на дозволеното. Џими Кимел треба веднаш да биде отпуштен од Дизни и Еј-би-си.“

Водителот Кимел во септември беше отстранет од етерот и суспендиран на неодредено време по коментарите што ги даде во емисијата по убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, сојузник на Трамп.

Суспензијата беше дочекана со критики од јавноста, некои од најголемите ѕвезди и политички личности во Холивуд, кон американската администрација за кршење на нивната слобода на говор и слобода на печатот, што доведе до враќање на Кимел пет дена подоцна.

Поврзани содржини