🎥 КАКО ШАРЛИЗ ТЕРОН ГО НАДМИНАЛА МРАЧНОТО СЕМЕЈНО МИНАТО „Сите мислат дека сум ладнокрвна, опасна кучка“
Никогаш не сум имала интервју како ова, вели новинарката Лулу Гарсија-Наваро за интервјуто со 50-годишната оскаровка Шарлиз Терон, кое од интервју за нејзината богата актерска кариера брзо се претворило во емотивен разговор за минатото
– Никогаш не сум имала интервју како ова со Шарлиз Терон. Дојдов да зборувам за нејзината богата актерска кариера, која започна откако се пресели сама во Њујорк за да биде балетска танчерка, се откажа поради повреда и беше откриена во своите тинејџерски години во банка во Лос Анџелес.
До доцните 20-ти години таа го продуцираше, глумеше и освои Оскар за филмот „Monster“ (Чудовиште), во кој целосно се трансформираше за да ја игра Ајлин Вурнос, жената- сериски убиец.
Оттогаш, таа глумеше во темни комедии како „Tully“ и фантазии со голем буџет како „Snow White and the Huntsman“, но најмногу ме интересираше нејзиниот последен настап како акциона ѕвезда во филмови како „Лудиот Макс: Патот на бесот“, франшизата „Стара гарда“ и нејзиниот најнов филм „Апекс“, во кој, на 50-годишна возраст, повторно се забавува, овој пат додека ја бркаат низ австралиската дивина.
Но, иако зборувавме за нејзините минати и сегашни улоги, нашиот разговор речиси веднаш доби откривачки пресврт – вели американската новинарка Лулу Гарсија-Наваро за интервјуто со 50-годишната оскаровка Шарлиз Терон.
Од интервју за нејзината богата актерска кариера, тоа брзо се претворило во емотивен разговор за минатото.
– Терон јавно проговори за фактот дека нејзината мајка го убила нејзиниот татко во самоодбрана кога била тинејџерка. Но, кога зборувавме за тоа и за последиците со кои живее оттогаш, сеќавањата на нејзиното детство ја преплавија со живост што нè изненади и двете – вели новинарката.
Во интервјуто кое можете да го видите подолу, актерката вели:
– Свесна сум дека времето брзо поминува. Пораснав со татко алкохоличар, чиј живот мојата мајка го прекина во самоодбрана. Тоа искуство ме турка напред. Свесна сум дека сè може да заврши штом излезам од оваа зграда. Ако еден ден останам во кревет, чувствувам како да сум пропуштила ден од својот живот.
Станувајќи емотивна Терон рече дека е смешно тоа што луѓето секогаш мислат дека е ладнокрвна.
– Луѓето секогаш мислат дека сум опасна кучка. Мислат дека сум ладна и дека можам сама да се грижам за себе. Понекогаш сум малку остра на јазикот, па тоа го сфаќаат како доказ дека сум цврста, но вистината е спротивна – призна славната актерка додавајќи дека нејзините деца често се срамат од неа бидејќи може да се расплаче во секунда за која било ситница.