ТОПЛОТНИОТ БРАН ЈА ПАРАЛИЗИРА ИТАЛИЈА Црвен аларм во 27 градови поради високите температури

Италијанските власти воведуваат највисок степен на предупредување поради силниот топлотен бран кој ја зафати земјата. Температурите на места достигнуваат 40 степени, а опасноста се однесува на целото население.

0

Италијанското Министерство за здравство од четврток ќе воведе највисок степен на предупредување поради екстремните горештини во 27 градови низ земјата.

Одлуката е донесена поради силниот топлотен бран кој го зафати поголемиот дел од регионот, со температури кои во некои области достигнуваат и до 40 степени Целзиусови.






Црвениот аларм значи дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за повозрасните лица, хронично болните и другите ранливи категории.

Локалните власти апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и престој на отворено во најтоплиот дел од денот, особено во периодот од 11 до 18 часот.

Се препорачува населението, кога е можно, да остане во разладени простории, да внесува доволно течности и да избегнува физички напори на високи температури.

Метеоролозите предупредуваат дека значително заладување не се очекува пред претстојниот викенд. Причина за топлотниот бран е засилениот северноафрикански антициклон кој во изминатиот период се прошири над голем дел од Европа.

Поврзани содржини