„ТИНЕКС“ ЈА СТАРТУВА КАМПАЊАТА „ТВОЈ ИЗБОР, ТВОЈА ЗАШТЕДА“ Ланецот маркети воведува попусти на основните производи во февруари
Дополнително, „Тинекс“ најавува и продолжување на програмите за лојалност и поволности при плаќањето. Купувачите преку програмата „Поен+“ можат да собираат поени при секое пазарување, кои подоцна можат да се искористат за плаќање.
Супермаркетите „Тинекс“ ја започнуваат кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, преку која од 31 јануари и во текот на февруари ќе понудат значителни намалувања на цените на повеќе основни производи неопходни за секое домаќинство.
Од компанијата велат дека се свесни за економските предизвици со кои се соочуваат потрошувачите, па поради тоа решиле да обезбедат поволности што ќе помогнат во заштедата на семејниот буџет.
„Станува збор за производи кои се клучни за функционирањето на домаќинствата, а нашата цел е да овозможиме пристапни цени во време кога глобалните фактори влијаат врз зголемувањето на малопродажните цени“, истакнуваат од „Тинекс“.
Компанијата објаснува дека најголемиот дел од поскапувањата на храната доаѓаат поради увозната зависност на македонскиот пазар.
„Во изминатите четири месеци од 2024 година забележавме зголемување од 9% на просечните набавни цени во споредба со истиот период во 2023 година. Ова е резултат на поскапувања на светските берзи, особено кај кафето, какаото и млечните производи. И покрај тоа, ние постојано настојуваме да нудиме производи со прифатливи цени“, велат од компанијата.
Дополнително, „Тинекс“ најавува и продолжување на програмите за лојалност и поволности при плаќањето. Купувачите преку програмата „Поен+“ можат да собираат поени при секое пазарување, кои подоцна можат да се искористат за плаќање.
„Освен редовните попусти, преку партнерството со ‘Mastercard’ нудиме можност за кеш бек до 10% за купувањата направени на касите за самонаплата, како и безкаматно плаќање на рати преку соработката со банките“, додаваат од „Тинекс“.
Компанијата најавува дека и во иднина ќе продолжи да работи на создавање поволни услови за купувачите, ставајќи ги нивните потреби во фокус.