ТЕЛЕФОНОТ НА ЈОВАНОВ МУ БИЛ ДОСТАВЕН ВО КУТИЈА ЗА КОЛАЧИ Член од семејството го платил на брат на затвореник што му го дал
Според собраните информации досега, истрагата покажала дека затворскиот чувар воопшто и не знаел дека внатре има телефон, па кутијата со благо ја однел во ќелијата во која бил и Јованов, вели во изјава за телевизија Алфа, директорот на затворот „Скопје“, Бубан Утковски.
Добро спакуван во кутија од колачи од една затворска соба, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов – возачот кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Додека шетал во дворот, притвореник од Гевгелија побарал пари за да ја прати кутијата со колачи во соседната ќелија, а внатре да стави и мобилен, со кој Јованов се јавувал кај неговите родители и девојка му.
Според собраните информации досега, истрагата покажала дека затворскиот чувар воопшто и не знаел дека внатре има телефон, па кутијата со благо ја однел во ќелијата во која бил и Јованов, вели во изјава за телевизија Алфа, директорот на затворот „Скопје“, Бубан Утковски.
– Затворскиот полицаец X.A. кој бил распореден во ходникот Д, го замолува да достави благо во друга соба, односно во собата во која е сместен В.Ј. при тоа не посочува ниту едно лице каде што е и посочениот, за да не се посомнева затворскиот полицаец. Претходно, затворениците во собата каде е В.Ј. тропаат на врата и бараат благо бидејќи на еден затвореник му се слошило и му паднал шеќерот- вели Утковски.
Парите за телефонот, биле предадени од роднини на Јованов на брат му на притвореникот, а во меѓувреме, друг од притворското одделение во Шутка го сликал Јованов преку прозор и фотографиите ги споделил со другари од надвор, па така беа и јавно објавени.
Сите кои учествувале се разместени во различни крила во Шутка, а истрага треба да покаже како телефонот се нашол внатре во ќелиите, со оглед на тоа дека секој поминува низ скенер пред да влезе во притворот.