ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Е ДИВОГРАДБА ВО СИСТЕМОТ Власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
Со овој предлог за изменување на Законот за влада се предвидува техничката влада да функционира и за следните парламентарни избори, без разлика дали се редовни или предвремени, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Техничката влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата, вели Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори.
– Предлогот за измени и дополнување за Законот за влада, со којшто се врши соугласување со дел од новиот Закон за организација на државната управа и најважното, се укинува она што се нарекува пржинска влада или техничка влада, кое што беше договорено и е дел на политички договор, влезе денеска во Собрание – рече Лефков во гостување на Алфа.
Лефков кажа дека потребно е да се стави крај на политичките пазари и преговори.
– Таканаречената пржинска влада е дел на политички договор, а политиката редно време е да ѝ користи на државата и државните инсититуции, а не да биде обратно. Волјата на граѓаните преку Собранието се рефелктира во Владата и таа влада е одговорна и кон граѓаните и одговорна за своите постаки – рече Лефков.
Според него, оваа техничка влада е дивоградба во самиот систем, каде политички преговори или ставови на политички партии и меѓусебни договори овозможуваат некој да заземе место и на овој начин се искривуваат демократијата и демократските процеси.
– Гледаме сега и во јавноста и во медиумите, дека опозицијата, односно СДСМ се противи, се спротиставува лицемерно на ова решение, иако гласаа за потребата за овој предлог закон во Собрание. Зошто е непотребната драма не знаеме, меѓутоа гледаме дека навистина им е тешко да се разделат со пржинската влада, иако немаат никаков основ. Со овој предлог за изменување на Законот за влада се предвидува техничката влада да функционира и за следните парламентарни избори, без разлика дали се редовни или предвремени – рече тој.
Лефков смета дека време е политиката да застане во улога на институциите и во улога на државата.
– Постомонитогрингот за Македонија се укина, со што практично е признаена Македонија како држава со стабилни институции и со стабилна демократија и навистина е бесмислено да имаме еден ваков закон во кој политката се става над демократијата. Нивните ставови во овој момент се во насока на рушење или спротивствавувње на основните принципи на демократијата. Самото градење на ваква техничка влада значи дека некој којшто не е избран од народот, не го претставува народот, не доаѓа од народот, ќе седне во одредено министерско столче и тој ќе може да гради одредени политики – вели пратеникот Лефков.