ТЕ-ТО повторно прв на листата на должници за даноци
Вкупно објавениот нето долг изнесува 8,.976 милијарди денари (околу 145 милиони евра), помалку за 1,218 милијарди денари од претходната листа.
Компанијата ТЕ-ТО со долг од околу 12 милиони евра за неплатен ДДВ, е порва на листата на неплаќачи на даноци објавен од Управата за јавни приходи (УЈП) на која овој пат се најдоа 4.089 правни и физички лица. Нивните долгови се доспеани до 30.11.2019 и не се неплатени до 29.02.2020 година за са за ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини
Вкупно објавениот нето долг изнесува 8,.976 милијарди денари (околу 145 милиони евра), помалку за 1,218 милијарди денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.791.372.146 денари (помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (без промени од претходната листа).
На листата и овој пат се најдоа загубари, јавни претпријатија познати личности.