ТАБЛЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ Годинава ќе добијат уреди 830 четвртодделенци

Петта година по ред локалната самоуправа го реализира овој проект со средства од општинскиот буџет, а се опфатени четвртоодделенците од сите основни училишта на нејзина територија.

0

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески денеска во основното училиште „Љубен Лапе“ на учениците од четврто одделение им доделија таблет уреди. Петта година по ред локалната самоуправа го реализира овој проект со средства од општинскиот буџет, а се опфатени четвртоодделенците од сите основни училишта на нејзина територија.

На доделувањето на таблет уредите, министерката Јаневска изрази надеж дека ваквите мерки ќе да се воведат и во други општини, затоа што директно придонесуваат за создавање еднакви можности за секое дете.






– Важно е децата да се поврзани со интернет светот и бази на податоци, да можат да користат дигитални учебници и содржини со што ќе го збогатат своето знаење, а помалку време да поминуваат играјќи видео игри – речe Јаневска, потенцирајќи дека инцијативата е особено значајна поддршка за семејствата со пониски приходи.

Таа нагласи дека и Владата во изминатите две години безбеди компјутерска опрема, нови интерактивни табли и мрежна инфраструктура за безбеден безжичен интернет во над 160 училишта. Во функција е ставен и нов електронски дневник, а дигитализирани се сите постапки за остварување на образовните права.

Општина Аеродром соопшти дека во рамките на годинешниот проект обезбедила 830 таблети.

Покрај таблетите, обезбедивме и 7.500 бесплатни училишни униформи за сите ученици, а во соработка со Министерството за образование и наука, и бесплатни учебници – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.

Паралелно со овие мерки, додаде градоначалникот, училиштата на територијата на Општина Аеродром континуирано се опремуваат со современа технологија и опрема, со цел да се создадат подобри услови за реализација на наставата и за стекнување знаења и вештини потребни за современото општество.

Поврзани содржини