РАБОТНИК ЗАГИНА ОТКАКО ГО ПРЕГАЗИ ВИЛУШКАР Трагедија на работно место во фирма во Аеродром
Несреќата се случила во кругот на фирма на подрачјето на Аеродром. Известени се јавен обвинител и трудов инспектор, а полицијата извршила увид.
Шеесет и петгодишен скопјанец починал во трагичен инцидент на работното место во скопската општина Аеродром, откако бил прегазен од виљушкар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 12 август 2026 година околу 12:25 часот во СВР Скопје од екипа на Итната медицинска помош.
Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје бил прегазен од виљушкар додека ги извршувал работните задачи во кругот на фирма на подрачјето на општина Аеродром.
Од полицијата информираат дека виљушкарот претходно сам се придвижил, по што дошло до несреќата со смртни последици.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и трудов инспектор. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на околностите под кои се случила трагедијата.