ДРВО УСМРТИ РАБОТНИК НА КОЖУФ Загина 62-годишен кавадарчанец, лекар само ја констатирал смртта
Несреќата се случила на 12 август додека 62-годишниот Д.Т. од Кавадарци сечел дрва. По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.
Шеесет и двегодишен маж од Кавадарци починал откако врз него паднало дрво додека работел на сеча на дрва на планината Кожуф.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 12 август 2026 година во 10:47 часот во СВР Струмица. Несреќата ја пријавиле од Шумското стопанство Гевгелија.
Според пријавеното, Д.Т. (62) од Кавадарци, кој бил вработен во шумското стопанство, сечел дрва на Кожуф кога едно од исечените дрва паднало врз него.
Од здобиените повреди тој починал. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот.