ТАА ГО ПРИЈАВИЛА СОПРУГОТ, ТОЈ ЈА ПРИЈАВИЛ НЕА Сопружници меѓусебно се обвинија за физички напад

35-годишната жена прва пријавила дека била физички нападната од сопругот, а половина час подоцна и тој пријавил дека бил нападнат и дека сопругата му се заканувала.

53

Сопружници од скопската населба Драчево меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад и закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, 35-годишната жена на 13 август во 04:00 часот пријавила дека претходната вечер, околу 21:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг.






Но, само половина час подоцна, во 04:30 часот, во полиција се јавил и сопругот. Тој пријавил дека во домот неговата сопруга му упатувала закани и физички го нападнала.

МВР информира дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини