🎥 СЕМ СМИТ ОТКРИВА ДЕКА МУ ГО ПОСВЕТИЛ НОВИОТ АЛБУМ НА СВОЈОТ СВРШЕНИК Љубовта со Кристијан Кован – инспирација за љубовните песни
Сам Смит зборуваше за тешките моменти од младоста, несигурноста околу својот глас, хомофобичниот напад што го доживеал во Лондон и љубовта со свршеникот Кристијан Кован.
Сем Смит денес е еден од најпрепознатливите вокали во современата поп-музика, но самиот пејач открива дека со години воопшто не се доживувал онака како што го доживувала публиката. Во разговор за „The New Yorker Radio Hour“, Смит отворено зборува за детството, музиката, својот глас, идентитетот, љубовта и новиот албум „Hazel Eyes“, кој треба да излезе на 21 август.
Смит се присети на моментот кога првпат сфатил дека неговото пеење навистина остава впечаток. Кога имал околу девет или десет години, заедно со најдобрата пријателка Бет настапил на детски натпревар во еден летен камп во Велика Британија. Двајцата ја испеале „Heroes“ од Мараја Кери, а реакцијата на публиката била толку силна што Смит подоцна сам ја испеал истата песна на друг камп и освоил награда.
– Само што почнав да пеам во различни простории, пред различни луѓе, и реакцијата што ја добивав беше луда – раскажал тој.
Сепак, и покрај пофалбите, Смит вели дека отсекогаш бил исклучително критичен кон својот глас.
– Отсекогаш сум бил исплашен од мојот глас – признал пејачот, објаснувајќи дека не го слуша на истиот начин како луѓето околу него.
Кога за првпат се снимил на 13 години, пеејќи „When You Believe“ од Витни Хјустон и Мараја Кери, реакцијата била уште посилна.
– Се расплакав бидејќи мислев дека е најлошото нешто на светот – се присети Смит. Следеле години во кои, како што самиот опишува, бил исклучително несигурен и самокритичен во однос на својот глас.
На 18 години, откако се преселил во Лондон, Смит доживеал хомофобичен напад, што, како што вели, влијаело врз начинот на кој се претставувал во јавноста. Почнал да носи помалку шминка и поинаква облека, а токму тогаш луѓето почнале повеќе да го забележуваат неговото пеење. Подоцна, кога повторно почнал поотворено да носи женствена облека и шминка, во музичката индустрија слушал коментари за тоа дали таквиот изглед е „привлечен“. Смит вели дека одбил да се повлече.
– За среќа, го игнорирав тоа и продолжив напред – раскажува тој, додавајќи дека подоцна им објаснувал на луѓето дека треба да се едуцираат.
Денес, пак, Смит вели дека повеќе нема страв да ги покаже сите страни од себе, а голема улога во тоа има и успехот на „Unholy“. „Unholy“ му покажала дека публиката го прифаќа и кога е поразигран, провокативен и надвор од рамките на класичните балади по кои бил познат.
– Ми даде дозвола само да го правам она што го сакам во животот – вели тој. Во истото интервју потврди и дека е свршен со модниот дизајнер Кристијан Кован, со кого е во врска околу три години. Неговиот нов албум „Hazel Eyes“ е инспириран токму од нивната љубов, а песната „My Guy“ му е посветена на Кован.