ЗНАМ БАРА ОД ГЕРАСИМОВСКИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ ЕТИКЕТИРА СОВЕТНИЦИТЕ Од Движењето го прашаа чиј интерес штити со „Барутана“

0

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла обидите на градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски да ги дискредитира советниците само затоа што, како што велат, не гласаат според неговите очекувања.

– Откако советниците на ЗНАМ гласаа против суспензијата на дел од ДУП „Буњаковец 1“, Герасимовски јавно праша „чиј интерес се штити – на граѓаните или на инвеститорот?“. Советниците на ЗНАМ го штитат интересот на центарци. А тоа значи и да не дозволат граѓаните повторно да плаќаат за правно неиздржани одлуки. Општина Центар досега има исплатено повеќе од 140 милиони денари по основ на отштети. И кога се повикува на безбедност, Герасимовски треба да ги презентира сите факти. Како ризик се посочува резервоарот за мазут од 115 м³ кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Според документацијата со која располагаме, тој не е во функција од 2024 година, испразнет е, исчистен и хемиски третиран, а домот со реконструкцијата ќе биде приклучен на системот за снабдување со топлинска енергија. Ако градоначалникот има стручен наод дека резервоарот и денес претставува опасност – нека го објави. А кога зборува за безбедноста околу градилиштата, прашуваме: дали истиот аршин важи за сите? – велат од ЗНАМ.






Од партијата велат дека тука се гледаат двојните стандарди на Герасимовски.

– Истовремено, го турка ДУП „Барутана“, со кој се предвидува сериозна изградба на падините на Водно. Советниците на ЗНАМ гласаа против „Барутана“. А кога веќе прашувате „чиј интерес се штити“, одговорете и Вие: Чиј интерес го штитите со „Барутана“ – додаваат од ЗНАМ.

Поврзани содржини