ОПШТИНА ИЛИНДЕН СЕ ПОФАЛИ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ПРВАЧИЊА За 20% повеќе од лани

Општината инвестираше многу во училишните објекти и опрема, а оваа година за сите првачиња обезбеди ранец со потребниот училишен прибор, како и еднократна финансиска помош од 3.000 денари.

0

Општина Илинден се пофали со зголемен број првачиња на првиот училишен ден. Оваа година, во училишните клупи за првпат седнаа 184 првачиња, што претставува зголемување од над 20 проценти во споредба со минатата година.

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски  денеска беше во посета на општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, каде им посака добредојде на најмладите ученици.






– Она што особено ме радува е што во време на намален наталитет и затворање на училишта и паралелки низ целата држава, ние во Илинден имаме раст на населението и зголемување од над 20% на запишани првачиња што е уште еден показател за развојот на општината, како и на зголемување на бројот на млади семејства и деца кои живеат во неа – рече Георгиевски.

Општината инвестираше многу во училишните објекти и опрема, а оваа година за сите првачиња обезбеди ранец со потребниот училишен прибор, како и еднократна финансиска помош од 3.000 денари.

Во основните училишта на територија на општината годинава има околу 1.630 ученици, додека во средното училиште има 300 ученици.
Поврзани содржини