СВЕТСКИ АГЕНЦИИ ИЗВЕСТИЈА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Веста одекна на првите страници

Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на македонското МВР, јави дека 51 лице загина во пожар во ноќен клуб во Северна македонија, а повеќе од 100 се повредени.

526

Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загуби 51 лице. Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми.

Вестса е на насловните страници на порталите на Би-Би-Си и на Гардијан, како и на голем дел од регионалните медиуми.






Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на македонското МВР, јави дека „51 лице загина во пожар во ноќен клуб во Северна македонија, а повеќе од 100 се повредени“.

Пожарот избувнал денеска во раните утрински часови, во клубот „Пулс“ во Кочани, град на околу 100 километри (60 милји) источно од главниот град Скопје.

Германската агеција ДПА засега само кусо ја пренесува веста на МИА дека во пожарот во ноќниот клуб во Кочани има најмалку 50 загинати.

Американската Асошиетед прес го цитира министерот за внатрешни реаботи Панче Тошковски кој пред новинарите во Кочани изјави дека во пожарот има 51 загинато лице и уште десетици повредени

АП, цитирајќи го Тошковски, пренесува дека „пожарот започнал околу 02:35 часот, за време на концерт на локална поп група“.

За трагедија во Кочани утринава редовно известуваат и хрватска Хина, српските агенции Бета и Танјуг, бугарска БТА, црногорска Мина…

Поврзани содржини